Потврдете ја својата возраст пред да пристапите на веб-страницата*
Загарантиран квалитет
Загарантиран квалитет
1.1. Овие услови за користење на веб-страница („Услови“) заедно со сите информации и документи содржани на веб-страницата, ги пропишуваат условите кои се однесуваат на користењето на веб-страницата („Веб-страница“) од страна на корисникот. Користење се однесува на пристапот, пребарувањето и/или регистрацијата на корисникот на веб-страницата.
1.2. Пред да започне со користењето на Веб-страницата, од корисникот се бара внимателно да ги прочита Условите за користење, особено оние кои се однесуваат на ограничување на одговорноста на компанијата.
1.3. Користењето на оваа Веб-страница подразбира корисникот да ги прифати Условите во форма во која се објавени на Веб-страницата. Препорачуваме корисникот да испечати еден примерок од овие Услови или да ги сочува во случај да е потребна консултација во идинина. Доколку не се согласувате со кој било дел од овие Услови, Ве молиме воздржете се од користење на оваа Веб-страница.
1.4. Условите за користење може да се променат од време на време, па така корисникот треба повремено да ги порверува важечките Услови за користење за да се осигура дека се важечки во моментот на користење на Веб-страницата. Последната верзија на Условите за користење е од 28. 08.2024.
2.1. ТДР Скопје ДООЕЛ Скопје со своето регистрирано седиште на Бул. 8ми Септември бр. 18, 1000 Скопје, Северна Македонија OIB: 5898790 е дел од групацијата Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco), водечката светска групација која се занимава со продукција и дистрибуција на тутунски и сродни производи.
2.2. Можете да нè контактирате на info.mk@myglo.com или по пошта, на компаниската адреса на ТДР Скопје ДООЕЛ Скопје, Бул. 8ми Септември бр. 18, 1000 Скопје, Северна Македонија
3.1. Корисникот прифаќа да ја користи Веб-страницата исклучиво за лична и некомерцијална употреба. Пристапот до Веб-страницата е овозможен само на полнолетни лица. Ако корисникот сака да се пријави на нашиот информативен билтен, или ако сака да биде контактиран од страна на наш претставник, мора да биде полнолетен пушач или полнолетен корисник на никотински производи.
3.2. Не гарантираме дека Веб-страницата и нејзината содржина се секогаш достапни или дека никогаш нема да дојде до прекин на функционирање на страницата. Пристапот до веб-локацијата е дозволен само на привремена основа. Пристапот можеме да го прекинеме, повлечеме, затвориме или измениме во целост или делумно без претходна најава. Не превземаме одговорност ако од која било причина Веб-страницата не е достапна во одредено време или во текот на одреден период.
3.3. Корисникот е обврзан да ги исполни сите хардверски и софтверски барања кои се неопходни за пристап до Веб-страницата. Истотака корисникот требада гарантира дека сите лица кои ќе пристапуваат до Веб-страницата преку неговата интернет врска се запознати со и ги почитуваат Условите за користење како и другите подеднакво применливи услови.
3.4. Корисникот прифаќа дека:
a) нема да ја користи Веб-страницата на начин со кој се нарушува приватноста или другите права на останатите корисници на страницата или трети лица;
b) нема да ја користи страницата на начин кој претставува соучесништво или со кој би можело да се поттикне соучесништво во казнени и други незаконски активности или со кои на друг начин може да се предизвикаат пречки, опасности или незгоди на трети лица;
c) нема да прави ништо што би можело да предизвика оштетувања на нашата страница или на серверите, системите или опремата во наша или во сопственост на трети лица, ниту да пристапи или да се обиде да пристапи до податоците на корисниците;
d) нема да направи ништо што би можело да ја загрози добрата репутација на Веб-страницата, на компанијата ТДР Скопје ДООЕЛ Скопје или која било друга компанија поврзана со групацијата на Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco ) ниту ќе предизвика нивна дискредитација (дури и потенцијална));
e) нема несовесно да ја користи страницата, ниту пак да внесува нешто што може да ја поремети Веб-страницата или кој било дел од истата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на свесното внесување на компјутерски вируси, тројанци, црви или други потенцијално опасни материјали;
f) нема да изјавува, предлага или на друг начин остава впечаток дека има каков било деловен однос со нас, или дека е корисникот е наш претставник или дека ние сме ја одобриле неговата содржина на Ваб-страницата.
4.1. Сите авторски права на интелектуална сопственост на уметничкиот дел, слика, текст, видео или аудио клип, како и на брендовите, логотипите или другите достапни локации на Веб-страницата и содржината и изгледот на нашито билтен („Содржина“) се во наша сопственост или ги користиме со одобрување на сопственикот.
4.2. Иако корисникот е овластен да копира некои делови од Веб-страницата на својот компјутер за свои потреби, не може да ја копира или објавува Содржината достапна на Веб-страницата во некој друг труд, вклучувајќи ја и својата сопствена Веб-страница ниту да ја користи содржината на кој било друг јавен или комерцијален начин. Корисникот не може да објавува ниту да споделува делови од нашата страница или нашиот билтен, освен ако претходно не добил наше одобрение. Го задржуваме целосното право на сите горенаведени содржини, вклучувајќи го и софтверот и преземените кодови, слики вметнати во софтверот или креирано од софтверот и сите податоци кои се приложени, како и текстуалната и графичка содржина на билтенот. Корисникот не смее да копира, менува, репродуцира, качува, пренесува, дистрибуира, разделува или конвертира содржина во кој било друг облик.
4.3. Корисникот на може да ја менува комуникацијата која се однесива на авторски права, заштитни знаци или други знаци кои се однесуваат на содржината. Корисникот може да се поврзе со почетната страница на нашата Веб-страница, но не е овластен да ја користи содржината на нашата страница на својата сопствена страница. Корисникот не може да ги користи нашите линкови на страниците ноти да ги вметнува во други Веб-страници без наше изрично писмено одобрување.
4.4. Освен ако не епоинаку изрично назначено, сите заштитни знаци на нашата страница и на аншиот билтен се во сопственост на ТДР Скопје ДООЕЛ Скопје или на групацијата на Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco).
5.1. Личните податоци на корисникот кои корисникот ги оставил на нашата Веб-страница, ќе се користат исклучиво во согласност со постоечките Услови за користење и нашата Политика за заштита на приватноста, а во потполна усогласеност со сите важечки прописи за заштита на приватноста и други применливи прописи кои корисникот треба внимателно да ги прочита пред да продолжи со користењето на Веб-страницата.
5.2. Преносот на личните податоци на корисникот подразбира согласност за нивна употреба според овие Услови за користење и Политиката за обработка на лични податоци.
5.3. Личните податоци кои ги собираме преку прашалници преку нашиот билтен имаат за цел да овозможат праќање на периодични билтени кои содржат известувања, информации и друга содржина поврзана со темите од Веб-страницата.
5.4. Билтенот се праќа ислкучиво на оние кои тоа експлицитно го побарале и го овластиле ТДР Скопје ДООЕЛ Скопје како контролор на обработката на податоците. Барањето за примање на билтен подразбира претходно прифаќање на соодветните информации.
6.1. Корисникот потврдува (прифаќа) дека ние (вклучувајќи ја нашата групација, нашите подружници, поврзани компании, нашите службеници, администратори, полномошници и вработени) не сме одговорни кон корисникот ниту врз основ на угоровна одговорност ниту за незаконски дела (вклучувајќи и грешки) ниту по која било друга основа за (i) изгубена добивка или репутациска штета, (ii) губење на податоци, (iii) нематеријална штета, (iv)директна или индиректна штета која произлегува од овие Услови или е поврзана со користењето или неможноста за користење на интернет страницата или дури и содржината на оваа страница, дури и кога корисникот ќе нè извести за можност за настанување на овакви штети.
6.2. Нема д абидеме одговорни за каков било губиток ил оштетување настанато од вируси, дистирбуирани DoS напади или други технолошки опасни елементи(материјали) кои би можеле да ја заразат Вашата компјутерска опрема, програми, податоци или други сопственички материјали заради употреба на Веб-страницата или преземените содржини од оваа или од која било друга поврзана страница.
6.3. Овие Услови за користење не содржат елементи кои ја ограничуваат или ја исклучуваат нашата одговорност за намерни лажни изјави, смрт или лични повреди како резултат на наше немарно однесување или однесување на нашите агенти или вработени, ниту друга одговорност за која законот не дозволува ограничувања или исклучувања.
6.4 Оваа Веб-страница може да упатува на производи или услуги на трети лица или може да содржи линкови кон информации за трети страни. Не поддржуваме, не издаваме гаранција или потврда за такви производи или услуги и не прифаќаме одговорност за содржината на веб- страниците кои се поврзани со нашата. Линковите на другите страници се единствено погодни за употреба на корисникот, кој е должен самостојно да решава за можностите на користење на производите, услугите и страниците на трети лица.
6.5 Содржината на нашата страница исклучиво има за цел да информира и нема намера да сугерира или советува за информации на кои се наслонува. Иако настојуваме да ги ажурираме информациите на нашата Веб-страница, не поставуваме никакви изјави или гаранции, експлицитни или имплицитни, во врска со точноста, целосноста и ажурирањето на содржината објавена на веб-локацијата.
На никој начин не сме одговорни за губиток, штета или трошок со кој корисникот може да се соочи, директно или индиректно, од неуспешно извршување или доцнење на извршување на обврските кон овие Услови, предизвикани од околностите кои се надвор од наша контрола, вклучувајќи вандализам, несреќа, неправилно работење или оштетување на машини или опрема, пожари, поплава, виша сила, птрајкови, блокади или други работни спорови (без оглед на тоа дали ги вклучува нашите вработени) или недостаток на материјали или гориво на пазарот на денот на прифаќање на налогот, или други законски или административни мерки.
8.1. Овие Услови и документите на кои истите се повикуваат претставуваат целосен договор заклучен меѓу нас и корисникот и со нив се заменуваат сите претходни договори и услови во врска со користењето на Веб-страницата.
8.1. Овие Услови и документите на кои истите се повикуваат претставуваат целосен договор заклучен меѓу нас и корисникот и со нив се заменуваат сите претходни договори и услови во врска со користењето на Веб-страницата.
8.2. Ако надлежниот суд смета дека некој од овие услови во целост или делумно се незаконски, неважечки или неприменливи, тоа во дозволените законски рамки нема да влијае на важноста и применливоста на останатите услови.
8.3. Нашето отсуство на барањата за исполнување на Условите кон корисникот, нашето доцнење во примената на своите права во однос на корисникот односно изостанувањето на остварувањето на нашите права, не значи дека ние се одрекуваме од нашите парава, ниту дека корисникот не треба да ги почитува своите обврски.
8.4. Согласно овие услови, ние можеме нашите права да ги пренесеме на друштвата во рамки на нашата групација без согласност на корисникот. Корисниците не можат да ги пренесат своите права и обврски од овие услови на трети лица без наша задолжителна писмена согласност.
8.5. Овие услови важат меѓу нас и корисникот.
8.6. На корисникот ќе му пратиме известување и друга комуникација на адреса на електронската пошта која ни е доставена. Корисникот е должен секоја комуникација да ја праќа на еден од начините опишани во Член 2.2. од Општите услови за користење. Известувањата кои се праќаат преку е-пошта ќе се сметаат за примени по 24 часа од праќањето од страна на праќачот. Известувањата пратени преку препорачана пошта ќе се сметаат за примени наредниот работен ден. Известувањата кои се објавени на нашата Веб-страница ќе се сметаат за примени од страна на корисникот при неговата следна посета на Веб-страницата, освен доколку тоа не изричито поинаку уредено.
8.7. Го задржуваме правото да ги промениме или во кој било момент да ги повлечеме овие Услови и сите последични промени ќе се применуваат на сите налози почнувајќи од датумот на внесот на промените на нашата Веб-страна. Корисникот мора да ги прочита Условите и да ја прифати најновата веризја на Условите на Веб-Страницата.
8.8. На овие Услови се применува македонското право, а обете страни се согласни дека евентуалните судски спорови ќе се решаваат надлежниот суд во Република Свеерна Македонија.
8.2. Ако надлежниот суд смета дека некој од овие услови во целост или делумно се незаконски, неважечки или неприменливи, тоа во дозволените законски рамки нема да влијае на важноста и применливоста на останатите услови.
8.3. Нашето отсуство на барањата за исполнување на Условите кон корисникот, нашето доцнење во примената на своите права во однос на корисникот односно изостанувањето на остварувањето на нашите права, не значи дека ние се одрекуваме од нашите парава, ниту дека корисникот не треба да ги почитува своите обврски.
8.4. Согласно овие услови, ние можеме нашите права да ги пренесеме на друштвата во рамки на нашата групација без согласност на корисникот. Корисниците не можат да ги пренесат своите права и обврски од овие услови на трети лица без наша задолжителна писмена согласност.
8.5. Овие услови важат меѓу нас и корисникот.
8.6. На корисникот ќе му пратиме известување и друга комуникација на адреса на електронската пошта која ни е доставена. Корисникот е должен секоја комуникација да ја праќа на еден од начините опишани во Член 2.2. од Општите услови за користење. Известувањата кои се праќаат преку е-пошта ќе се сметаат за примени по 24 часа од праќањето од страна на праќачот. Известувањата пратени преку препорачана пошта ќе се сметаат за примени наредниот работен ден. Известувањата кои се објавени на нашата Веб-страница ќе се сметаат за примени од страна на корисникот при неговата следна посета на Веб-страницата, освен доколку тоа не изричито поинаку уредено.
8.7. Го задржуваме правото да ги промениме или во кој било момент да ги повлечеме овие Услови и сите последични промени ќе се применуваат на сите налози почнувајќи од датумот на внесот на промените на нашата Веб-страна. Корисникот мора да ги прочита Условите и да ја прифати најновата веризја на Условите на Веб-Страницата.
8.8. На овие Услови се применува македонското право, а обете страни се согласни дека евентуалните судски спорови ќе се решаваат надлежниот суд во Република Северна Македонија.